Share to:

 

Јонче Стефаноски

Јонче Стефаноски
Роден 1909 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под Османлиско Царство
Починал 20 ноември, 1943 година
Карбуница, Кичевско, Македонија под фашистичка окупација.
Стрелан од албанските балисти.
Националност Македонец

Јонче Ангелев Стефаноски ( 1909 во Карбуница, Кичевско20 ноември 1943 во Карбуница, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Споменик од НОБ за борците и активистите од Карбуница, меѓу кои е ѝ Јонче Стефаноски.

Животопис

По занимање бил земјоделец. Уште во крајот на 1941 година и почетокот на 1942 година бил активен во народно ослободителното движење и член на Народноослободителниот одбор во селото. Во текот на 1942 година учествувал во акцијата против спахилакот во селото, а како активен член на КПМ станал член на Реонскиот комитет. Неговата активност се состоела во организирање и испраќање борци во Одредот. Одржувал врска со позадинците во градот и вршел други партиски задачи. Во ноември 1943 година, кога балистите го заробиле целиот Реонски комитет, фатен бил и Јонче и на 20 ноември бил стрелан по долги малтертирања и испитувања заедно со другите членови на Комитетот.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 122.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya