Распоространетост на јутоацтечките јазици пред европските доселеници.
Сегашна распространетост на јутоацтечките јазици во Мексико.
Јутоацтечките јазици сочинуваат јазично семејство кое се зборува во Северна Америка и делови од Средна Америка. Ова јазично семејство е составено од над 30 јазици. Најголем дел од јазиците се зборуваат во западните делови на САД и Мексико, но има и мал број на јазици кои се зборуваат во периферните предели на Средна Америка. Името на јазичното семејство е сложенка од двата јазика со најекстремна распространетост север-југ, јутски јазик и ацтечки јазик.
Јутоацтечките јазици се една од најголемите јазични семејства во Америка, по број на жители, број на јазици и географска распространетост.[1] Најсеверниот јазик е шошонскиот, кој се зборува сè до Салмон, Ајдахо. Најјужниот јутоацтечки јазик е пипилскиот, кој се зборува во Ел Салвадор. Според „Етнолог“, бројот на јазици во ова семејство е 61 со вкупно 1.900.412 говорници.[2] Од ова јазично семејство најголем јазик е ацтечкиот (наватлски) кој го зборуваат околу 1,9 милиони луѓе, или 78.9% од вкупниот број на јутоацтечки говорници.
Внатрешната класификација на јазичното семејство е најчесто составена од две гранки: северната гранка ги вклучува јазиците во САД, а јужната гранка ги вклучува јазиците во Мексико. Сепак, денес сè уште се разговара за тоа дали оваа класификација е соодветна, односно дали е генеричка или географска. Татковината на јутоацтечките јазици, општо гледано, е југозападни САД, или северозападно Мексико.
Прајутоацтечки јазик
Прајутоацтечкиот е хипотезен заеднички предок на јутоацтечките јазици. Стручните лица за историјата на оваа јазична група најчесто ја сместуваат прајутоацтечката татковина на пограничниот регион на денешни САД и Мексико, поточно горските региони на Аризона и Ново Мексико, како и мексиканските сојузни држави Сонора и Чивава. Татковината на јутоацтечките јазици одговара со Соноранската пустина, како и западниот дел на Чиваванската пустина. Овој јазик се зборувал во регионот пред 5.000 години.
Реконструкцијата на ботаничкиот зборовен фонд дава знаци за еколошката средина населена од Прајутоацтеките. Според Фоулер средиштето на Прајутоацтеките била средишна Аризона, каде северните дијалекти достигнувале распространетост до Невада и пустината Мохаве. Јужните дијалекти се протегале до Мекксико.[3] Татковината на нимиските јазици се претпоставува била јужна Калифорнија во близина на Долината на смртта. Татковината на јужните јутоацтечки јазици се претпоставува дека била крајбрежната област на Сонора.[4]
Споротивна теорија за татковината на прајутоацтечкиот ја сместува татковината многу појужно. Во 2001 година Џејн Х. Хил, базирајќи се на реконструкцијата на зборовен фонд поврзан со пченка, ја објавила оваа теорија. Според нејзината теорија, претпоставените говорници на прајутоацтечкиот биле одгледувачи на пченка (житни култури) од Средна Америка, кои постепено мигрирале кон север. Со тоа тие го донеле и одгледувањето на пченка кон север. Ова се одвивале пред 4.500 или 3.000 годуни. Географската дифузија на говорниците се совпаѓа со распадот на јазичната еднаквост.[5][6] Хипотезата била критикувана од неколку аспекти и не е општо прифатена од научниците специјалисти за јутоацтечките јазици.[7][8][9][10][11]
Фонологија
Самогласки
Прајутоацтечкиот, при неговата реконструкција, имал несвојствени самогласки: *i*a*u*o*ɨ. Лангекер (1970) прикажал дека петтата самогласка треба да биде реконструирана како *ɨ како спротивност на *e, и има долгогодишна расправија за соодветна реконструкција на самогласките.[12][13][14]
Покрај горенаведената класификација, јазичарите се сомневаат дека има уште неколку други исчезнати јазици, но за кои нема никакви докази. Тие јазици би се зборувале во Мексико и се претпоставува дека биле сродни на јутоацтечките.[15]