Како влијателен архитект, Паладио развил свој паладијански стил кој се придржувал до класичните римски принципи, наспроти богатата орнаментација на ренесансата. Паладио проектирал многу цркви, вили и дворци, особено во Венеција и околината.
Стилот на Паладио станал мода во Европа. Во Британија, Иниго Џонс и Кристофер Рен го прифатиле неговиот стил. Друг обожавател на овој стил бил Ричард Бојл, IV Гроф од Корк, исто така познат како Лорд Берлингтон кој бил архитектот на куќата Чизик Хаус заедно со Вилијам Кент. Еден од подоцнежни експоненти кои ги популаризирале коцептите на Паладио бил и венецијанскиот архитект од XVIII векЏакомо Леони кој издал авторитативно дело од четири тома на таа тема.
Архитектурата на Паладио исто така била инспирација за класична музика, како на пример за делото од велшкиот композитор Карл Џенкинс со наслов Паладио. Оваа композиција е доста позната по својот прв став, кој бил употребен од страна на фирмата „Де бирс“ во една телевизиска реклама за дијаманти.
Историја
Паладио бил син на Пјетро 'дела гондола'. Кога имал 13 години станал чирак во каменорезачка работилница, но по само 18 месеци престанал да конактира со татко си и избегал во блискиот град Виченца. Таму станал помошник во најдобрата каменорезачка и ѕидарска работилница и често ја посетувал продавницата на Бартоломео Каваца од кој научил некои вештини. Но најголемо влијание во неговата кариера има извршено Џанџорџо Трисино, кој му го измислил класичното име Паладио на неговиот ученик и пријател Андреја. Во 1541 год. Паладио оди во Рим да изучува антички знаменитости.
Важни настани:
1540: Почнува со своето прво дело, вила Годи во Леонедо.
1544: Почнува со изработка на вила Пизани во Бањоло.
1556: Во Удине работи на каза Антонини, а во Виченца почнува со палацо Тиене. Додека неговите задачи се намножуваат заедно со неговата слава, Паладио работи со патријархот на Аквелија на издание на книга за 'Витрувиј' со тоа што ги изработува цртежите и скиците.
1558: Издава проект за црквата Сан Пјетро ин Кастело во Венеција и веројатно истата година почнува со изгардба на вила Малконтента.
1559: Ја почнува Вила Емо во селото Фанцоло ди Веделаго.
1561: Почнува со изградба на вила Појана Маџоре и истовремено со трпезаријата за Бенедиктинците во Св. Ѓорѓија во Венеција, а подоцна и фасадите на манастиротМонастеро пер ла Карита и вила Серего.
1570: Паладио е номиниран за Прото дела Серенисима (Знаменит граѓанин на Венеција) и таму ги издава I Quattro Libri di Architettura („Четири книги за архитектурата“).
1571: Ги изработува: вила Пјовене, палацо Порто Барбаран, лоџија дел Капитанио и палацо Порто Бреганце.
1574: Ги издава Коментарите на Цезар и работи на проучување за предниот дел на црквата Сан Петронио во Болоња.
1580: Приготвува цртежи и скици за ентериерот на црквата Санта Лучија во Венеција и истата година на 23 март ги надгледува почетните фази во изградбата на Театро Олимпико.