Share to:

 

Атис (митологоја)

Атис — убаво момче во фригиската митологија, симбол на убавината и на минливоста во природата.

Митот за Атис

Божицата Кибела се вљубила во Атис и го назначила за свој свештеник, но под услов засекогаш да остане невин. Но, тој не ја извршил наредбата на божицата, туку ја изневерил, а божицата го казнила со лудило. Тогаш, полудениот Атис самиот се осакатил, а од неговата крв никнале синолички. Секоја пролет, првиот ден во рамките на прославата во чест на Кибела, во шумата сечеле бор, го кителе и го носеле во храмот, како симбол на мртвото момче. Вториот ден, со свирката на разни инструменти, верниците го барале Атис, а третиот ден го наоѓале и тогаш свештениците паѓале во транс и се саморанувале.[1]

Наводи

  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 219.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya