Башкирски коњ
Башкирски коњ – коњска раса на башкирскиот народ. Главно се одгледува во Башкортостан, автономна република во рамките на Руската Федерација која се наоѓа во јужните Уралски Планини и западно. Главниот центар на расата е главниот град Уфа.[1]:334 ИсторијаПотеклото на башкирскиот коњ не е познато. Во 19 век била призната неговата економска вредност и биле преземени чекори да се зголемат неговите работни способности и неговите традиционални квалитети како животно од кого се добива млеко и месо. Центри на расата биле воспоставени во 1845 година.[2]:88 Башкирскиот коњ бил вкрстен со други раси од бившиот СССР како што бил рускиот тежок запрежен коњ. Биле направени и експериментални вкрстувања со казашки и јакутски коњи.[1]:333 Башкортостан има трета најголем популација на коњи од федералните единици во Русија, по Алтајски Крај и Јакутија.[3] Во 2003 година биле евидентирани 94.470 грла башкирски коњи.[4] ОсобеностиБашкирскиот коњ е мал коњ, висок 142 cm на гребенот. Има широко тело и длабоки гради, со просечна торакална обиколка од околу 180 cm. Има голема глава и краток врат, низок гребен и рамен грб. Нозете му се куси со тешки коски, коските на нозете може да достигнат обиколка од 20 cm. Најчести бои на башкирскиот коњ се дорија, костенлив, сив и пепелав.[1]:333 Гривата и опашката се густи, а исто така и крзното им е густо и често кадраво.[2]:88 Двегодишна студија објавена во 1990 година северноамериканскиот кадрав коњ, кој исто така има кадраво крзно и може да се нарече „американски башкирски кадрав коњ“, потекнува од башкирската раса[5] Постојат два различни видови башкирски коњ: помал, полесен планински вид кој главно се користи за јавање и потежок степски вид[2]:88 Башкирскиот коњ е извонредно отпорен. Крдарите се одгледуваат екстензивно и остануваат на отворено во зима на снег и мраз кога температурите може да достигнат -40 °C.[2]:88 КористењеБашкирскиот коњ се користи за јавање и носење товар, во запрега и за земјоделски работи. Покажува извонредна издржливост, постојат запис за башкирски коњи кои влечат тројка, санки со три коња на растојанија од 120 до 140 km на ден. [2]:88 Башкирските кобили даваат изобилство на млеко. Просечен годишен принос на млеко е 1500[1]:333 или 2100 кг[4] при лактација од 240 дена, а најдобрите грла кобили достигнуваат и 2700 кг. Голема количина од млекото се преработува во кумис. [2]:88 Спремањето на кумис е национална активност на башкирскиот народ.[3] Од влакната собрани од чешлањето на густото зимско крзно на овие коњи може да се исткае ткаенина.[2]:88 Галерија
Наводи
<ref> со име „barb“ определена во <references> не се користи во претходен текст.. |