Бајконур
Бајконур (казашки: 'Байқоңыр'; руски: Байконур), порано познат како Ленинск, е град во Кизилордската област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември 1995. Формата на изнајменото подрачје е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот. Оригиналниот Бајконур е рударско гратче неколку стотици километри на североисток, близу Џезказган во казашката област Карганди. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казачки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам. Советската влада го основала научно-истражувачкиот полигон за проби (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962). ПоврзаноИзвориНадворешни врски
|