Бизон
Бизон (лат. Bison) е род на парнокопитни животни и припаѓа на семејството шуплороги говеда (Bovidae). Бизоните ги одликуваат кратките нозе, широкото чело со јаки и нагоре свиткани рогови, и мускулест преден дел на телото обраснато со долги темнокафеави влакна. Живеат во крда, а мажјаците може да пораснат и до 3,5 m должина и 2 m во висина. Достигнуваат маса и до 1000 кг. Бизонот е најголемо копнено животно во Европа и Северна Америка. Родот на бизони обфаќа четири изумрени и два современи вида:
Во Европа слободно живее само во Бјаловешка шума (Полска, Белорусија). Во Северна Америка се проценувало дека огромните стада на бизони се составени од 60 милиони животни, а денес се речиси потполно уништени. |