БилеЗа други значења на поимот, погл. Биле (појаснување).
Биле (германски: Bille) — мала пловна река и десна притока на Елба во Северна Германија. Нејзиниот извор е близу Линау, северно од шумата Ханхајде. Тече јужно од Тритау, претставувајќи ја границата помеѓу окрузите Штормарн и Лауенбург, продолжува јужно од Рајнбек и се влева во реката Елба, близу Билвердер. Многу градби и паркови се наоѓаат долж нејзините речни брегови. Нејзината вкупна должина е 65 километри, од кои 42 километри поминува низ сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, a останатите низ градот Хамбург. Биле е една од трите реки кои течат низ градот Хамбург, другите две се Елба и Алстер. ПритокиВо горна Биле има широко сливно подрачје со многу потоци и мали водотеци. Главни притоки се Корбек, која се влева во Биле близу Вицхафе и Шварце Ау кај Аумиле, имајќи големи исушени делови од големата шума Саксонска Шума. Знаменитости
Надворешни врски
|