БригиБригите (или Фриги) се етничка заедница која во предисторискиот, протоисторискиот период и периодот на антиката го населувала просторот на Албанија, Епир и Македонија. Бригите биле биле една од најстарите и најбројни индоевропски популации на Балканот. Ги населувале јужните предели на централниот балкански простор. Нивното присуство е посведочено на територијата на планината Пангај, на исток од реката Вардар, до Албанија, Епир, охридската облат и Пелагонија. Како бројна популација, на почетокот на 1 милениум п.н.е. Бригите исчезнале од Балканскиот Полуостров а дел од нив се преселил во Мала Азија. Меѓутоа нивните културни и лингвистички влијанија се присутни на поширокиот балкански полуостров. Како важен супстрат Бригите учествувале во етногенезата на повеќе балкански популации. Според јазичните остатоци, констатирана е блискост меѓу бригискиот јазик и јазикот на Македонците и Пајонците. Бригискиот јазик, ономастиката и елементи на нивната материјална култура станале дел од наследството и културите на Македонците и Пајонците.[1] Етимологија на иметоГенерално се смета дека Бригите се поврзани со Фригите, кои за време на класичниот антички период живееле во западна Анадолија. И двете имиња, Бриги и Фриги, се смета дека се варијанти на еден ист корен. Врз основа на археолошки докази, некои историчари (на пример Никола Хамонд, Ежен Н. Борза и др.) тврдат дека Бригите/Фригите биле дел од Лужичката култура кои се преселиле на јужниот Балкан за време на Доцниот бронзен период.[2][3] Нема точни податоци за потеклото на името на Бригите. Во 1844, Херман Милер сугерирал дека името можеби е поврзано со истиот индоевропски корен од германското Berg (гора, планина) и словенското брег (кое освен брег, значело и врв, рид, планина),[4] i.e. IE *bʰerǵʰ. Доколку е така би било сродно со западноевропските имиња на племиња како келтските Бриганти и германските Бургунди,[5] семантички мотивирано од некои аспекти на зборот кој значи 'висок, издигнат, благороден, познат'.[6] Лични имињаСпоред зачуваните лични имиња, Бригите имаат сличности со античките Македонци, Пајонци, Мигдонци, Едонци и особено со малоазиските Фригијци. Веројатно тие биле првичното етничко јадро од кое подоцна се диференцирале овие старобалкански народи. Некои лични и географски имиња споменати од старите автори можеби етимолошки се поврзани со "Бригите":
ИсторијаНајстаро спомнување на Бригите во историските извори е во врска со нивниот конфликт со Теспротијците кои го населувале просторот на јужна Албанија во времето на Тројанската војна.Античките извори ги посведочиле Бригите во близина на Лихнидското Езеро и горното течение на реката Еригон (Црна Река). На поширокиот балкански простор тие се лоцираат источно од долното течение на реката Вардар, под планината Бермион, во северозападна Грција и југоисточна, јужна и централна Албанија до Дирахион на север. Наводи
|