Виница (Украина)
Виница (украински: Ві́нниця) — град, сместен на бреговите на реката Јужен Буг, во средишниот дел на Украина. Таа е административен центар на Виничката област. ИмињаВиница е исто така позната по големиот број на варијанти на своето име во другите јазици: руски: Ви́нница, полски: Winnica, германски: Winniza и романски: Vinniţa. Сите овие имиња потекнуваат од словенскиот збор за винова лоза. ИсторијаВиница бил важен трговски и политички центар од 14 век, кога Федир Коријатович, внук на литванскиот војвода Олгерд, изградил тврдина (1363) против татарските напади на бреговите на реката Јужен Буг. Оттогаш, градот станал важен дел во наредните спорови помеѓу Литванија, Татарите (кои ја запалиле тврдината во 1580), Полска, Турција (кои владееле со градот и областа од 1672 до 1699), Козаците и на крајот Русија, која го припоила градот и областа по Втората поделба на Полска во 1793. Русија започнала да ги брише римокатоличките траги од градот - католичките цркви во градот (вклучувајќи ја и сегашната Катедрала) биле претворени во руски православни цркви. Гробниците на жртвите од Виничкиот масакр во текот на сталинистичката репреција од 1937–1938 биле ексхумирани од Германците во 1943. Адолф Хитлер го поставил своето најисточно седиште Führerhauptquartier Werwolf близу градот и поминал неколку недели таму во 1942 и на почетокот на 1943. Во самиот град и неговата околина биле извршени неколку нацистички злосторства од Einsatzgruppe D. Проценките за бројот на жртвите се движат до најмногу 28.000. Овие проценки ги вклучуваат и целосното истребување на големото еврејско население во градот. ГеографијаВиница се наоѓа околу 260 километри од украинскиот главен град, Киев, 429 километри од пристанишниот град Одеса и 369 километри од Лавов. Тој е административен центар на Виничката област, како и административен центар на околниот Винички реон во рамките на областа. Самиот град е исто така означен како сопствен реон во рамките на областа и припаѓа на историската област Подилја. Меѓународниот аеродром Гавришивка (IATA: VIN, ICAO: UKWW) се наоѓа во Виница.[1][2] Од крајот на Втората светска војна, Виница била дом на голема советска база на воздухопловните сили, вклучувајќи аеродром, болница, касарни и други воени објекти. Во градот во периодот 1960 и до раните 1990-ти се наоѓала и 43. ракетна армија.[3] Воедно, во градот се наоѓала и 24. воздухопловна армија, која се наоѓала во Виница од 1960 до 1992. Командата на украинските воздухопловни сили се наоѓа во Виница од 1992. КлимаДолгите топли лета со голема влажност и релативно кратките зими се карактеристични за Виница. Просечната температура во јануари е -5,8 °C и 18,3 °C во јули. Просечните годишни врнежи се 638 мм. Низ годината, 6-9 дена се случуваат снежни виулици, 37-60 дена во годината има магла во текот на есента и зимата и 3-5 дена има грмотевици и поројни дождови.
Градби
Меѓународни односиЗбратимени градовиВиница е збратимен со:
Галерија
Наводи
Надворешни врски
|