ВитаминВитамините (латински: vita-живот; amin-амин, органско соединение со азот) се комплексни соединенија од различна хемиска природа кои се важни за нормалното биолошко функционирање на многу живи суштества. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за растењето, нормалното функционирање на клетките и ткивата и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги синтетизираат сите потребни витамини, додека животните одредени витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната. Витамините се делат на витамини растворливи во вода и витамини растворливи во масти. Витамините се среќаваат во две основни форми: активна (дејствуваат веднаш во организмот) и неактивна (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во организмот во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како провитамини. Сите витамини растворливи во вода, освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени ензими како коензими. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува хиповитаминоза, додека целосниот недостиг-авитаминоза. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како хипервитаминоза. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот. Историја
Вредноста да се јаде посебна храна за да се одржи здравјето била позната уште многу пред витамините да бидат идентификувани. Старите Египќани знаеле дека еден човек хранејќи се со црн дроб може да се излекува од ноќно слепило, болест за која сега се знае е предизвикана од недостиг на витамин А.[1] Развојот на прекуокеанските патувања во текот на ренесансата, резултирал со подолги периоди без пристап на свежо овошје и зеленчук и голем дел од луѓето на бродовите се разболувале поради недостиг на витамини. Во 1747 година, шкотскиот хирург Џејмс Линд открил дека овошјето од родот Citrus ја спречува појавата на скорбут, особено смртоносна болест, при која не доаѓа до правилно формирње на колаген, предизвикувајќи слабо заздравување на раните, краварење на непцата, тешка болка и смрт.[1] Во 1912 година полскиот биохемичар Казимир Функ изолирал комплекс на микрохранливи материи и предложил комплексот да биде наречен „витамин“. Во 1929 година, Фредерик Хопкинс и Кристијан Ајкман биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за откривањето на неколку витамини.[2] Во 1943 година, Едвард Адалберт Дојзи и Хенрик Дан биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за нивното откривање на витаминот К и неговата хемиска структура. Преглед на витамините и нивното дејство
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|