Владимир Мошин
Владимир Алексеевич Мошин (Санкт Петербург, 9 октомври 1894 - Скопје, 3 февруари 1987) — југословенско-македонски филолог, универзитетски професор и член на МАНУ од руска народност. Тој бил еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонското книжевно наследство. ЖивотописРан живот во РусијаАкадемик Владимир Мошин е роден во Петроград, Русија, каде студирал на Филолошкиот факултет, но го прекинал образованието по избувнувањето на Првата светска војна во којашто учествувал како доброволец. Во 1917-1918 година студирал на Историско-филолошкиот факултет на Тифлискиот универзитет, а потоа се преселил во Киев, каде го продолжил образованието. Таму се оженил со Олга Јаковлевна Кирјанова, а потоа, во август 1920 година стапил во Армијата на доброволци на јужниот фронт. Откако приврзаниците на императорскиот режим биле поразени од Црвената армија, заедно со жена си, која била воен лекар, Мошин ја напуштил Русија на товарниот брод „Акољд“. Живот во Кралството Југославија и Втора светска војнаВо декември 1920 година пристигнал во Копривница, Кралството СХС, а во август 1921 година, тој и жена му добиле професорски места во месната гимназија, каде тој предавал историја и географија, а сопругата — француски јазик. Пролетта 1928 година, Мошин ја одбранил докторската дисертација на Универзитетот во Загреб на тема поврзана со норманската колонизација на Црното Море. Истовремено, како византолог и славист, специјалист по словенска археографија, тој бил основач на југословенската палеографска наука. Од 1930 до 1932 година, проф. д-р Мошин предавал византологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а потоа и на Универзитетот во Белград, каде предавал до 1942 година. За време на Втората светска војна, тој предавал и на богословските курсеви во Белград, а бил ракоположен за ѓакон и свештеник.[1] Социјалистичко времеКога во 1944 година, во Белград пристигнала Црвената армија, проф. Мошин бил уапсен, но набргу бил ослободен. Потоа, неговото семејство, како и другите свештеници на црквата „Св. Троица“ во Белград, примило советско државјанство, а тој бил унапреден во свештеничкиот чин - протојереј. Летото 1947 година, проф. Мошин со семејството се преселил во Загреб, каде тој бил назначен за директор на архивата на Академијата на науките и уметностите. Напоредно со тоа, проф. Мошин се занимавал и со изучување и каталогизација на словенските ракописи.[2]
СмртВладимир Мошин починал на 3 февруари 1987 година, во Скопје, каде е погребан заедно со сопругата.[2] На 23 април 1994 година, на скопските гробишта „Бутел“ била одржана панихида со која чиноначалствувал архиепископот г.г. Михаил, а во поменот учествувал и вокалниот состав „Свети Јован Кукузел“. Подоцна, во 2014 година, во битолската црква „Св. Димитриј“ била одржана уште една панихида за Мошин.[3] Други дејностиПокрај неговата дејност во Загреб и во Белград, проф. Мошин бил раководител на историското одделение при Архивот на СР Македонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. НаследствоНа Мошин му е посветена една песна во збирката „Црква“ на македонскиот поет Блаже Конески, со наслов „Успение на Владимир Мошин“:[4]
Тебе те испраќаме,
О поручниче,
Дали случајно било
Во негова чест, во Струга се наоѓа биста од него. Се наоѓа на кејот „8 Септември“, на левата страна на реката Црн Дрим. Наводи
|