Гарона
Гарона (француски: Garonne; окситански, каталонски и шпански: Garona; латински: Garumna[1] или Garunna) — река во југозападна Франција и северна Каталонија, (Шпанија) со должина од 602 км. ГеографијаИзворРеката извира во Аранската Долина на Пиринеите, иако точното место е спорно. Предложени се три можности: „Гаронско Око“ (окситански: Uelh deth Garona) (42°42′34″N 0°56′43″E / 42.709494°N 0.945398°E), во Тарера-Саборедо 42°36′26″N 0°57′56″E / 42.607295°N 0.965424°E) или на падините на Ането (клисурата Салтерилјо-Баранкс 42°38′59″N 0°40′06″E / 42.6498°N 0.6683°E согласно годишното време). ТечениеГарона тече низ Аранската Долина во северен правец и влегува во Франција, минувајќи низ Тулуза и Ажен кон Бордо, па доаѓа до естуарот Жиронда и истекува во Бискајскиот Залив (Атлантски Океан). По течението има три поважни притоки: Арјеж, Тарн и Лот. Веднаш по бордо, реката се спојува со Дордоња, образувајќи го естуарот Жиронда, кој а завршува во Атлантскиот Океан по 100 км. Други притоки се Сав и Жер. Ова е една од неколкуте реки во светот што добива приливен бран.[2][3][4] По бранот може да се едри на даска и со скутер барем до селото Камб, оддалечено 120 км од океанот ПловностГарона игра важна улога во превозот на стоки. Океанските бродови влегуваат по реката и доаѓаат до Бордо, и се потпомогнати од т.н. „Канал на двете мориња“ (Canal des Deux Mers), што го поврзува Средоземното Море со Атлантскиот Океан, овозможувајќи пократок и побезбеден превоз на стоки од земјоделските подрачја во јужна Франција до Атлантскиот Океан. Населени места по течението
Поважни притокиПоважни притоки на Гарона (низводно) се следниве:
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|