Географски информациски систем (ГИС) е систем за управување со просторните податоци и одликите што им соодветствуваат. Во најстрога смисла тоа е компјутерски систем што е способен за интегрирање, складирање, уредување, анализа и прикажување на географски информации. Во поширока смисла ГИС е орудие на „паметна карта“ што им остава можност на корисниците да поставуваат интерактивни прашања (истражувања што ги создава корисникот), да ги анализираат просторните информации и да ги уредуваат податоците.
Технологијата на географскиот информациски систем може да се користи за научни истражувања, управување со ресурсите, управување со имоти, планирање на развојот, просторно планирање, картографија и планирање на инфраструктурата. ГИС често се користи и за потребите на маркетиншките истражувања, геологијата, градежништвото, но и во сите области што користат податоци кои се поврзани со карти.
Компоненти на ГИС и основни поими
ГИС се состои од четири интерактивни компоненти:
потсистем за внес кој врши претворање на картите (мапите) и другите просторни податоци во дигитален облик (се врши т.н. дигитализација на податоците);
потсистем за складирање и повикување на податоците;
потсистем за анализа; и
излезен потсистем за изработка на карти, табели и за давање одговори на поставените прашања.
Encom Discover™ - програма што функционира во симбиоза со програмата MapInfo, наменета за геолозите кои се занимаваат со истражување на лежишта за минерални суровини, но и на останатите геолози. Во оваа програма е можно да се работи анализа на дупчењата, геостатистика, геофизика, геохемија...
Encom Discover 3d™ - додаток за Encom Discover™ со чија помош е можно податоците да се проектираат и моделоираат во трета димензија