Глобочица (Гора)Глобочица е село во јужниот дел на Косово, во планинскиот регион Гора, во општината Драгаш. Припаѓа на Призренскиот округ. Мнозинството од жители се Горанци. Населението брои 960. ЈазикГоранците зборуваат Нашински јазик. Малкумина кои живеат близу до градовите зборуваат албански или српски. Според пописот 1991 во Југославија, 54,8% од населението на регионот Гора се изјасниле дека зборуваат нашински јазик, бидејќи мнозинството на населението се Горанци. ТрадицијаТрадиционалната Горанска народна музика вклучува танц наречен Коло, која е кружен танц фокусиран на движењата на ногата. Танцот секогаш почнува со користење на десната нога и се движи во насока спротивна од стрелките. Колото обично е придружувано со инструментална музика направена често со зурла, кавал и тапан. Колото поретко е придружено со пеење како тие што се во соседните етнички групи: Албанците, Македонците и Србите. Исто така постои и голем дел од историјата на Гораните во нивните текстови и песни. Уникатно, се пее за долго патување во Турција, за скршени срца и љубов. Нивните песни се вршат од страна на мажите и жените. РодовиСпоред германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 јужнословенски муслимани.[1] Глобочица е горанско село. Според истражувањата од 1936/37 година, родови во селото се:
|