Голем Кавказ
Голем Кавказ (руски: Большой Кавказ; азерски: Böyük Qafqaz; грузиски: დიდი კავკასიონი) — главен планински венец во состав на Кавкаските Планини. Се протега во должина од 1.200 км од запад-северозапад до исток-југоисток, и тоа помеѓу Таманскиот Полуостров на Црното Море и Апшеронскиот Полуостров на Каспиското Езеро: од Западен Кавказ во околината на Сочи до североисточниот црноморски брег и досега речиси до Баку на каспискиот. Венецот се дели на три дела:
Во повлажниот Западен Кавказ, планините се прекриени со шуми (листопадна до 1.500 м, иглолисна до 2.500 м и планински тундри над шумската граница). На Источен Кавказ климата е посува, па затоа планините немаат дрвја. Европско-азиска границаВододелницата на Кавказ се смета и за граница помеѓу Источна Европа и Западна Азија. Европскиот дел северно од вододелницата се нарекува Северен Кавказ, а азискиот на југ е Јужен Јавказ (Закавказје).[1] Границата на Русија со Грузија и Азербејџан се протега долж најголемиот дел од Кавказот. Низ венецот минува Грузискиот воен пат (Даријалска Клисура) и Закавкаската магистрала, на височини преку 3.000 м. ВододелницаВододелницата на Кавказ, Катвказјето во состав на Руската Империја на север и Отоманско Царство и Персија на југ, сè до победата на Русија во 1813 г. и Ѓулистанскиот договор, со кој границата на Русија се поместила длабоко во Закавказјето.[2] Границата помеѓу Русија и Грузија до денес точно ја следи вододелницата (со исклучок на мало тесно парче територија во Мцхета-Мтијанетија и северозападен Кахети, каде Грузија се протега посеверно), додека пак североисточниот агол на Азербејџан има пет округа северно од вододелницата (Шабран, Хачмаз, Кусар, Сијезен, Куба). Врвови
Превои
Долини
ПоврзаноНаводи
|