Делчевски манастир
Делчевски манастир (Св. Богородица Балаклија) — македонски православен манастирски комплекс во подножјето на планината Голак во непосредна близина на градот Делчево.[1][2] Единствен по специфичниот амбиент. ОписОколината на самиот манастир, со своите специфични камени форми придонеле уште од дамнина тука да постои светилиште. Сегашниот изглед манастирскиот комплекс го добил некаде на почетокот на 20 век кога бил изграден манастирот но со слаб квалитет. Подоцна на крајот на векот, повротно била покрената иницијатива за возобнување на целиот мананстирки комлекс. Како иницијатор и ктитор се јавил поранешниот македонски премиер и жител на Делчево, Љубчо Георгиевски. Манастирот е доста омилено излетничко место за делчевчани и е доста посетен. Низ целиот комплекс се наоѓаат дрвени летниковци. Манастирот бил и мета на грабеж, кога за првпат бил ограбен на крајот на февруари. Биле украдени 3 икони и пари.[3] Објекти
Главната манастирска црква е посветена на Пресвета Богородица, односно за животоносниот извор. Црквата била во 1915 година, од слаб материјал. На 6 јуни 1999 година повторно бил осветен и поставен камен темелник од страна на тогашниот Митрополит Брегалнички Стефан и црквата од темел е изградена повторно од цврст материјал. Осветена била на 19 септември 1999 година исто така од тогапшниот Митрополит Брегалнички Стефан. Иконите и фрескоживописот се од зографот Драган Ристевски од Охрид.
Втората и помалата црква е посветена на Покровот на Пресвета Богородица. Изградена е во 1920 година и целосно возобновена во 1990 година. Не е осветенаи нема фрескоживопис и икони.
Спроти главната манастирска црква се наоѓаат конаци со прекрасна камена фасада. Конаците имаат пространа тераса која пружа прекрасен поглед на градот. Галерија
Наводи
|