Share to:

 

Другарче

„Другарче“ - списание за деца што го издава Редакцијата „Детска радост“ од Скопје.

Историја

Со Решение број 11-10532/5 на Министерството за образование и наука и Решение број 11-10532/6 на министерот за образование и наука од 20 октомври 2014 година, списанието „Другарче“ добило согласност за употреба во воспитно-образовната работа во основните училишта во Македонија.[1]

Организација и менаџмент

Списанието „Другарче“ го издава Редакцијата „Детска радост“, а излегува двапати месечно во текот на учебната година. Во организацијата и реализацијата на списанието учествувале поголем број соработници, како: Ксенија Трајчева (одговорен уредник), Димитар Божиков (ликовно-графички уредник), Натали Николовска (ликовно-графички уредник-соработник), Дениз Тесторидес и Саветка Димитрова (лектори), Александра Велинова-Радевска (уредник-соработник). Покрај нив, списанието соработувало и со повеќе надворешни соработници-писатели (Киро Донев, Горјан Петревски, Стојан Тарапуза, Ванчо Полазаревски, Наум Попески и Васил Мукаетов), надворешни соработници-илустратори (Боркица Арсевска, Александар Сотировски, Александар Поповски, Маја Ковачевска и Наташа Костовска), и други соработници (Виолета Трајковска, Тања Бајрактарова и Виолета Ѓуровска).[2] [3] [4]

Наводи

  1. Другарче, година LIV, број 1052, ноември 2014.
  2. Другарче, година LIV, број 1052, ноември 2014.
  3. Другарче, година LIV, број 1054, декември 2014.
  4. Другарче, година LV, број 1052, април 2015.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya