Дундо Марое„Дундо Марое“ (хрватски: Dundo Maroje) — драма (комедија) во пет чина (комедија) на хрватскиот писател Марин Држиќ. Оваа комедија била за првпат поставена во прочуената дубровничка „Вјеќница“ во 1551 година, а ја играла позната група „Дружина Помет“.[1] ЛиковиВо драмата се појавуваат следниве ликови:[2] [3]
СодржинаСтариот трговец Дундо Марое му дал на својот син Маро 5.000 дукати за да замине по некоја работа во Фиренца и во Софија. Но, наместо во Фиренца, Маро отишол во Рим, каде ги трошел парите на раскош и забава. Татко му дознава за тоа и со својот слуга Бокчило оди во Рим за да спаси дел до своите пари. Всушност, тука започнува драмата, а дејството во првиот чин се одвива во Рим, пред една меана, во близината на куќата на Лаура. Притоа, Дундо Марое тагува за своите пари, а Бокчило се жали на својата вечна глад. Тогаш се појавува Трипче од Котор и нему му се жали Дундо Марое за однесувањето на син му. Тројцата се сведоци на разговорот меѓу Лаура и слугата на Германецот Уго Тудешко, Помет, кој го фали својот господар. Во тоа време доаѓа слугата на Маро, Попива кој на Лаура ѝ носи скапи подароци. Во тоа време, свршеницата на Маро, Пера, преоблечена како маж, пристигнува во Рим за да го оттргне својот свршеник Маро од рацете на познатата римска куртизана Лаура. По некое време се среќаваат Маро и Дундо Марое, но Маро се преправа дека не го познава. Побеснетиот Марое го напаѓа со нож и стражата го затвора старецот. Дознавајќи ги подробностите од животот на Маро, Помет го советува Дундо Марое да се преправа дека дошол по трговија и дека бара складиште за својата стока. Така, Маро и Попива се фаќаат за мамката: Маро, кој веќе ги потрошил сите таткови пари, бара на заем 3.000 дукати од Лаура за да купи дуќан и така повторно да се појави пред татко му, овојпат како скромен и вреден трговец. За време на таа средба, Маро се преправа како претходно ништо да не се случило меѓу нив, а и Дундо Марое вешто ја игра својата игра и успева да ги добие клучевите од дуќанот на Маро, спасувајќи барем 3.000 дукати. Подоцна, при нивната трета средба, Дундо Марое се прави дека не го познава синот. Маро е очаен, зашто во меѓувреме го остава Лаура, која се фрла во прегратката на богатиот Тудешко. Притоа, Помет открива дека Лаура е единствената наследничка на својот богат татко за кого дотогаш не знаела. На крајот од дрмата, Пера му простува на Маро, кој пак наследува богатство од еден свој далечен роднина и, заедно со татко му и со свршеницата, среќно се враќа во Дубровник.[4] [5] Осврт кон делотоСе претпоставува дека на комедијата „Дундо Марое“ ѝ претходело друго драмско дело на Држиќ, кое не е зачувано, а тоа е комедијата „Помет“ за која се знае од пролозите на „Дундо Марое“. Во секој счучај, за тоа сведочи и фактот дека театарската дружина која ги изведувала двете комедии („Помет“ и „Дундо Марое“) се викала „Помет“. Иако дејствието се одвива надвор од Дубровник, сепак преку дијалозите се откриваат податоците за животот и за општествените односи во Републиката. Драмата е полна со ведрина и со здрав хумор, понекогаш со остра критика, а понекогаш со слободни, раскалашени изрази. Но, сето тоа – заплетот, кулминацијата и расплетот – е водено од вешта писателска рака, од писател кој имал можност да се запознае со драмската вештина. Особено се интересни пролозите на „Дундо Марое“ од кои се гледа дека ова дело е продолжение на друга комедија и дека во двете учествуваат речиси истите ликови. Првиот пролог го води сатирот низ чии зборови Држиќ искажува некои свои мисли за општеството без приватна сосптвеност. Така, зборувајќи за „далечната таинствена, но прекрасна земја“, сатирот кажува дека таму „не постои никакво мое и твое, туку сѐ е заедничко, на сите, и секој е господар на сето.“ Понатаму, вториот пролог го презема слугата Помет – човек од акција.[6] [7] Наводи
|