Еден ден (роман)Еден ден (англиски: One day) - роман на англискиот писател Дејвид Николс од 2009 година. Врз основа на книгата, во 2011 година бил снимен истоимениот филм.[1] СодржинаРоманот се состои од 23 глави, групирани во пет дела:[2]
Дејството во романот започнува на 15 јули 1988 година, кога Декстер Мејхју и Ема Морли, студенти на Универзитетот во Единбург, се запознаваат по свеченото доделување на дипломите. Тие поминуваат заедно една убава ноќ и утредента секој треба да тргне по својот пат. Декстер прераснува во телевизиска ѕвезда, работејќи како водител на глупави емисии, а Ема работи во мексикански ресторан, сонувајќи да стане писателка. И покрај спротивните карактери, тие стануваат најдобри пријатели. Потоа, во книгата се прикажува нивниот однос во следните 20 години, и тоа секогаш на истиот ден - 15 јули. Притоа, тие созреваат и се помируваат со природата на нивната љубов и со самиот живот.[2] Изданија на македонски јазикРоманот „Еден ден“ е објавен на македонски јазик во 2012 година, од страна на издавачката куќа „Три“, а во превод на Мирјана Буразер. Книгата е со обем од 396 страници, со димензии од 21 сантиметар, во мек повез. Лектурата ја извршила Васка Кочовска, а книгата е отпечатена во печатницата „Стеда графика“. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-230-051-1.[2] Наводи
|