Ересунд
Ересунд (дански: Øresund, шведски: Öresund, месно нар. Сундет) — проток помеѓу данскиот остров Зеланд и покраината Сканија во јужна Шведска. Во најтесниот дел, помеѓу Хелсингер (Данска) и Хелсингборг (Шведска), протокот е широк е само 4 км. Во околината се наоѓа регионот Ересунд кој е поделен помеѓу двете земји и брои 3,7 милиони жители. Ересунд е еден од трите дански протоци што го поврзува Балтикот со Атлантскиот Океан преку Категат, Скагерак и Северното Море, како и еден од најпрометните водни патишта во светот.[1] Протокот го пресекува Ересундскиот мост, отворен на 1 јули 2000 од шведскиот крал Карл XVI Густав и данската кралица Маргарита II. Помеѓу Хелсингборг во Шведска и Хелсингер во Данска непрестајно сообраќаат и траекти. ИсторијаПолитичката контрола врз Ересунд отсекогаш била од големо значење во данската и шведската историја. Данска имала воена контрола на крајбрежната тврдина Кронборг кај Елсиноре на западната страна и Кернан и Хелсингборг на источната, сè до склучувањето на Роскилдскиот мировен договор (1658), кога источната страна ѝ припаднала на Шведска. Обете тврдини се сместени во најтесниот дел на протокот (4 км во широчина). Во 1429 кралот Ерик Померански вовел пропусни давачки за минување на протокот кои важеле цели четири века, сè до 1857. Оваа давачка со векови била најважниот извор на средства на данската круна, обезбедувајќи му на кралот релативна независност од неговиот совет и аристократијата. Позначајни островиПриродниВештачки
ПоврзаноНаводи
Литература
Надворешни врски
Information related to Ересунд |