ЕрозијаЕрозија (латински erodere – нагризува, струга) е процес на разрушување честички од почва, камења и други делови од подлогата под дејство на водата и ветерот, како и нивно пренесување и таложење во зарамнетите делови од релјефот. Врз типот и интензитетот на ерозијата влијаат разни фактори:
Според причинителот, ерозијата се дели на:
Плувијалната ерозија се дели на површинска и линиска (браздеста и јаружеста) ерозија. Посебни облици на ерозијата се: абразивна, ледничка, карстна и суфозија. СтатистикаИнтензитетот на ерозијата се изразува во: [mm] однесен или наталожен слој; (м3/км2 годишно) или (t/ha годишно). Природната (нормална, геолошка) ерозија има интензитет до 100 м3/км2 годишно и претставува позитивен процес. Забрзаната (антропогена) е потпомогната од дејството на човекот (неправилна обработка, обесшумување, преголема испаша, несоодветни градежни активности итн.). Во РМ, доминантна е водната ерозија, а нејзиниот просечен интензитет е 685 м3/км2 годишно. Околу 36% од територијата на РМ е зафатена со посилни процеси на ерозија, па РМ е меѓу најзагрозените држави во Европа. Заштита од ерозијаЗа заштита од ерозијата се преземаат разни мерки и активности:
Ерозија на почватаЕрозија на почвата е најраспространет и најважен вид на деградација на почвата. Ерозијата кај нас зависи од редица природни и антропогени фактори, меѓу кои на прво место е уништувањето на природната вегетација. Во далечното минато 95% од територијата на РМ била покриена со природна шумска вегетација. Со нејзиното уништување и деградирање се добиени големи површини пасишта, обработливи површини и голини (340.000 ha). Кај нас ерозијата е толку поинтензивна колку што се врнежите со поистакнат пороен карактер, колку наклонот на теренот е пострмен, колку еродибилноста на почвата и супстратот е поголема, колку природната вегетација е посилно деградирана или уништена и ако агротехниката е понеприспособена кон ерозивните процеси. Со ерозија не само што се однесува целата почва или дел од неа, туку посилно се однесуваат нејзините најважни делови (глината, хумусот, хранливи материите). Таа има и други негативни последици: нерегулиран воден режим во водотеците, поплави, дигање на нивото на подземните води, таложење големи количества груб нанос, уништување на инфраструктурни објекти, полнење на вештачките акумулации со нанос и др. Со картата за ерозија на почвата се претставени пет категории ерозија чиј интензитет опаѓа од I кон V категорија. Првите три категории изнесуваат 38% од територијата на РМ. Произведениот годишен нанос со ерозија одговара на 1.700 ha почва, длабока 100 cm. РМ е една од најзагрозените земји со ерозија во Европа. Извор
Надворешни врски
|