Ефтим ТаковскиЕфтим Таковски (Умлена, Пехчевско, 24 октомври 1949 - Скопје, 22 декември 2006) — македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.[1] ЖивотописТаковски е роден на 24 октомври 1949 година во пехчевското село Умлена. Основно образование завршил во родниот крај и во Скопје, каде што завршил средно машинско училиште и апсолвирал на Филолошкиот факултет. Работел во културната рубрика на весникот „Вечер“, и во МТВ. Бил еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, каде што од почетокот го водел секторот за информирање. Таковски се посветил на филмската и на телевизиската уметност, снимајќи неколку серии со историска тематика за Македонската телевизија, а компонирал и музика за своите телевизиски остварувања.[2] Починал во Скопје на 22 декември 2006 година.[2] БиблиографијаВо литературната периодика и весниците објавувал повеќе раскази и литературна критика, а негови трудови се преведувани на француски, англиски и руски јазик. Автор е на збирките раскази:
Наводи
|