Златари — село во областа Преспа. Од градот Ресен е оддалечено 5 км. Соседни села се Кривени од север, од североисток со Смилево, од југоисток со Сопотско, и од југ и југозапад со Ресен и Јанковец.
Историја
Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство. Во 1903 година, комити од Златари имаат загинато во борби против османлиската војска.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Златари се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 72 куќи.[4]
Родови во селото се: Видановци (Стојановци), Гајтановци, Головодовци, Митевци, Недановци, Нечовци (Нелковци), Поповци, Пупалевци, Павловци и Тозиовци.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Староседелци:Поповци (7 к.), Головодовци (5 к.) и Гајтановци (3 к.)
Доселеници:Митевци со Тозиовци (14 к.) доселени се од некое село во Охридско (некои велат од Лактиње во Дебрца); Недановци (11 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Нечовци и Нелковци (18 к.) исто така доселени се од селото Боиште; Пупачевци и Манговци (12 к.) доселени се од маалото Баир во Битола.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑ 19,019,1. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
↑. Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)