ЗоологијаЗоологија — она поле од биологијата кое се занимава со проучување на животните. Како наука, таа се дели на општ дел или општа зоологија и специјален дел или систематика на животните. Општата зоологија ги проучува сите појави во животинскиот свет кои имаат општо значење, а систематиката на животните се обидува сите животни, според различните одлики, да ги подели во одреден број разновидни систематски категории заради полесно распознавање и проучување. Одлики на животните
Зоологијата има многу гранки и таа е поврзана со другите науки. Зоологијата ја изучува физиологијата, анатомијата, ембриологијата, екологијата и филогенијата на животните. Според групата на животни кои ги проучува, зоологијата е поделена на зоологија на без‘рбетни животни и зоологија на ‘рбетни животни. Овие гранки можат и понатаму да се делат. Зоологија на без‘рбетни животниЗоологијата на без‘рбетните животни ги изучува сите оние животни кои не припаѓаат во типот на хордати (Chordata). Најпознати гранки (според таксонот кој се проучува) се протистологијата (наука за праживотните), малакологија — наука за мекотелите, арахнологија — наука за пајаковидните, ентомологија — наука за инсектите, акарологија — наука за акарите, хелминтологија — наука за црвовидните животни, која е дел и од медицината. Зоологија на ‘рбетни животниЗоологијата на ‘рбетните животни ги изучува животните кои припаѓаат во типот Chordata. Важни гранки на овој дел од зоологијата се: ихтиологија — наука за рибите, херпетологија — наука за влекачите, орнитологија — наука за птиците, териологија — наука за копнените цицачи.
|