Ибадан
Ибадан (Èbá-Ọdàn) е главен град на нигериската област Ојо. Тој воедно е и најголем град во истата, а се наоѓа во југозападниот дел на Нигерија, 78 милји далеку од Лагос и е позната транзитна точка меѓу крајбрежниот регион и областите на север. Неговото население се проценува на околу 3,800,000 жители. Се смета дека ова е најголемиот автохтон град во Африка, јужно од Сахара. Ибадан бил центар на администрацијата на стариот Западен Регион од деновите на британското колонијално владеење. Делови од античките заштитни ѕидови на градот сè уште стојат до денес. Најбројни жители на градот се Јорубанците. ИсторијаИбадан, опкружен со седумте ридови, е вториот најголем град во Нигерија. Неговото постоење започнало кога бандите на одметниците на Јоруба (по колапсот на јорупската Ојо Империја) почнале да се населуваат во областа кон крајот на XVIII век, привлечени од неговата стратегиска местоположба меѓу шумите и рамнините. Предколонијалната историја се засновала на милитаризам, империјализам и насилство. Областа околу Ибадан, а самиот Ибадан, станале британски протекторат во 1893 година. Ибадан станал главен трговски центар, што е и денес. ЕкономијаСо својата стратешка положба на железничката линија која ги поврзува Лагос и Кано, градот е центар за трговија на маниока, какао, памук, гума и палмово масло. Главни индустриски гранки во областа се оние за преработка на гума, цигари и земјоделски производи. Надворешни врски
|