Иван Пендаровски
Иван Дуков Пендаровски или Пендарски ( 1863, Галичник - починал во 1917) — македонски револуционер и дебарски војвода на ВМОРО. ЖивотописИван Пендаровски е роден во Галичник во 1863 година, по занимање бил овчар.[1] Во август 1902 година по наредба на Централниот комитет, заминал за Софија со другарите Трајче Атанасов (од Галичник) и врховистот Владимир Милчин(ов) (од Прилеп. Подоцна преку Србија, Австрија и оттаму во Албанија се вратиле во Галичкиот крај за да бидат од помош на ВМРО при борбите. Предадени на османлиските власти од непознато лице, во Тирана биле затворени и ставени во тешки пранги.[2] Потоа биле испратени со силно обезбедување во битолскиот затвор. Таму Иван Дуков останал цели три години, по што бил пуштен на слобода. По Илинденското востание, како војвода бил на услуга на галичко-реканската револуционерна организација. Починал во 1917 година.[3] Наводи
|