Изер (река)Оваа статија се однесува на река во југоисточна Франција. За истоимената река во Фландрија, погл. Изер (река во Фландрија).
Изер (француски: Isère, франкопровансалски: Isera, окситански: Isèra) — река во регионот Оверњ-Рона-Алпи, југоисточна Франција. Извира од ледник на Грајските Алпи во Савоја, близу скијачкото гратче Вал д'Изер на границата со Италија. Се влева како крупна лева притока на Рона неколку километри северно од Валанс. Хидронимот се среќава во имињата на разни населени места во поречието како што се Сент Елен на Изер и Роман на Изер. По реката е наречен и департманот Изер. ГеографијаИзер е долг 286 км[1] и минува низ најразлични предели: од извориштето на италијанската граница во Западните Алпи минува низ Савојскиот Крај и долината Тарантез, прави засек меѓу планинските венци Шартрез и Белдон, па го следи обликот на масивот Веркор. Потоа реката минува низ историската покраина Дофине и се влева во Рона во крајот Виваре. ДолиниГорната долина на Изер го носи името Тарантез, а средната — Грезиводан. Долната долина сочинува дел од Валанската Низина (наречена и Валентиноа)[3] со длабоко и кривулесто корито. Место да прави пошироки брегови, Изер со времето го продлабочувал коритото, образувајќи скалести тераси. Долината има јасно изразени граници и е релативно тесна, не надминувајќи 2 км во ширина. Последователното наносно таложење (во периодите на квартарско заледникување) и предлабочување (во меѓуледничките периоди) довело до создавање на терасите, врз кои луѓето граделе населби како што е гратчето Сен Марсел ле Валанс.[4] Ова се случило со масивното насобирање на речен нанос врз тло од миоценска моласа. Денес овие тераси се главна одлика на Валанската Низина.[5] УтокаИзер првично се спојува со еден од расточните канали на Рона кај Пон де л'Изер, кој прокопан за пловни цели. Каналот образува остров на кој се наоѓа населено место Ла Рош де Глин. Овде има брана која пропушта еден дел од водата во Рона, а другиот му овозможува да продолжи, и да ја одмине браната Бур ле Валанс пред да стаса до конечната утоката во Рона. Поважни притоки(Л) = лева притока, (Д) = десна притока
Градови по течениетоРеката тече низ следниве позначајни населени места, наведени во нивните департмани:
ХиидрологијаРеката е долга 286 км, а нејзиниот слив зафаќа површина од 11.890 км2.[1] Протокот на реката кај Бомон Монте изнесува 329 м3/с, што е утврдено со мерењата вршени во текот на 58 години (1956-2015) близу утоката во Рона.[2] Изер има значајни сезонски колебања својствени за реките кои се напојуваат претежно од истопен снег. Високиот водостој е од април до јули, со просечен месечен проток помеѓу 382 м3/с и 500 м3/с (најголем во мај и јуни); нискиот водостој е од август до февруари, при што најмалиот месечен просек од 246 м3/с е во септември.[2] Од ова може да се заклучи дека Изер е мошне полноводна во текот на годината. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|