Селото се наоѓа во областа Осоговија, на извесно растојание од јужниот брег на Калиманското Езеро на Брегалница. Сместено е во крајниот северозападен дел на општината. Илиово е ридско село, чија надморска височина се движи од 600 до 660 м, зависно од маалото. Атарот зафаќа 14,4 км2.[2] Од спротивната страна на езерото минува патот Делчево-Кочани (А3).
Низ атарот течат следниве водотеци: потоците Градински Дол, Бабин Дол и реката Туришница, и сите се влеваат во езерото на север. Во јужен правец дотекуваат потоците Рибница и Филиски Дол, кои ја образуваат западната односно источната атарска граница. Недалеку од селото е и возвишениот полуостров Дедоантоска Чука.[3]
Историја
Подрачјето на Илиово е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Гробишта крај брегот.[4]
Во 1924 г. кај Илиово и Калиманци чета на ВМРО, на чело со војводата Панчо Михајлов, водела целодневна битка со српски единици кои биле во потера по неа.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Во првите децении на XX век Илиово бележело голем пораст на населението. Ова траело сè до 1960-тите, кога бројот на жители почнал да опаѓа. Покрај позатата преселба село-град, познато е дека некои жители на Илиово се преселиле во селоо Градец на местото на иселените Турци.[11] Намалувањето на населението постепено продолжило во следните децении. Иселуваењето дополнително се засилило со изградбата на акумулацијата Калиманци.
Според пописот од 2002 година, селото има 127 жители, сите Македонци.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 50 жители, од кои 42 Македонци, 1 останат и 7 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 171.
↑Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.