Леталото би било опремено со телескоп коронограф со пречник од 70 cm наречен ФИЗА (Фазно индуциран замавен аподизиран коронограф) за да ја пригушува ѕвездената светлина за да може да го забележи послабото зрачење од околуѕвездената прашина.[1] Одликите и составот на овие дискови ќе обезбедат информации за планетообразбата (најчесто во животопогодните појаси), додека постоечките вонсончеви планети може да се забележат преку нивното заемодејствување со прашинскиот диск. Главниот истражувач на проектот е Глен Шнајдер.[1]
Да се одреди дали постоењето на овој тип на дискови има влијание врз способноста на инструментите на следните мисии за потрага на планети (расеаната светлина од прашината предизвикува заматување на сликите од вонсончевите планети[2])
Да се определи составот на материјалот кој ги создава планетите: мразовит и богат со органски честички кој се важни за постоењето на живот.[3]
Да се определи односот на масивните планети во далечни орбити.
Да се одреди составот на џиновските планети преку мерењето на нивниот отсјај.[4]ИВПОСД ќе беше првата сонда која би сликала (џиновски) вонсончеви планети на растојанија слични на оние во Сончевиот Систем (0,5-7 ае).[5]