Карл Шварцшилд
Карл Шварцшилд (германски: Karl Schwarzschild; 9 октомври 1873 во Франкфурт на Мајна — 11 мај 1916 во Потсдам) — германски физичар и астроном. Тој, исто така, е татко на астрофизичарот Мартин Шварцшилд. ЖивотШварцшилд е роден во Франкфурт на Мајна во еврејско семејство. Неговиот татко бил активен член на деловната заедница на градот и во неговото семејство имало предци кои живееле во градот уште од шеснаесеттиот век.[1] Карл посетувал еврејско основно училиште до 11 годишна возраст.[2] Тој бил чудо од дете, изработувајќи два труда за бинарни орбити (небесна механика) кои биле објавени пред неговата шеснаесетта година.[3][4] Студирал во Штрасбург и Минхен, стекнувајќи се со докторско звање во 1896 година за работа на теориите на Анри Поенкаре. Од 1897 година, работел како асистент во опсерваторијата Куфнер во Виена. Наводи
Надворешни врски
|