Share to:

 

Киклоп

Полифем, од Јохан Хајнрих Вилхелм Тишбеин, 1802 година

Киклоп (старогрчки јазик: Κύκλωψ, Kuklōps; во множина: Κύκλωπες, Kuklōpes) бил дел од расата на џинови во грчката и подоцна и во римската митологија. Карактеристично за киклопот е дека има око на челото. Зборот киклоп во превод значи „тркалезно-око“.

Хесиод опишал три киклопи со едно око, Бронтс, Стеропс и Арг, синовите на Уран и Геја, браќа на Титаните, градежници и занаетчии,[1] додека поетот Хомер опишува друга група на смртни киклопи како синови на Посејдон. Други сметки беа напишани од страна на драматургот Еврипид, поетот Теокрит и римскиот поет Вергилиј. Во Теогонија на Хесиод, Зевс ослобудува три киклопи од темната јама на Тартар. Тие ги произведуваат молњите на Зевс. Исто така ги имаат произведено и шлемот на невидливоста на Хад, и тризабецот на Посејдон.

Во дел од Одисеја (напишана од Хомер), главниот јунак Одисеј се среќава со киклопот Полифем, кој е син на Посејдон, и кој живее со други киклопи во пештера близу до планината Етна. Хомер киклопите ги опишал како „арогантни безаконници“. Тоа биле сурови пастири наклонети кон ханибализам.[2] Сите други извори од литература за киклопи го опишуваат Полифем кој живеел на остров (најчесто препознаен како Сицилија од страна на античките автори) на којшто имало и други суштества. Разни антички грчки и римски автори пишувале за киклопите. Хесиод ги опишувал како три џинови кои се браќа.

Киклопот како мотив во уметноста

Наводи

  1. Hesiod, Theogony, 140
  2. Artur Koterel, Rečnik svetske mitologije, Nolit, Beograd, 1998, стр. 235.
  3. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 97.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya