Козјак (брана)
Козјак е камено-земјена брана со глинено јадро, највисока во Македонија со 114 метри, завршена во 2004 година, на реката Треска, 16,5 км спротиводно од Матка, со прибранска хидроцентрала со два агрегата (150 GWh годишно производство). Сместена е на тесно место со волумен на телото од 3,34 милиони м3 формира акумулација до 550 милиони м3, наменета за ретензија на поплавни води, производство на електрична енергија (2 x 40 MW) и водоснабдување во иднина. Придружни објекти: шахтен преливник, тунелски довод и темелен испуст, прибранска хидроцентрала и др. Спаѓа меѓу највисоките брани во поширокиот регион, во релативно сложени геолошки услови, успешно реализирана од македонската градежна оператива. во 2005 Македонски Пошти имаат издадено поштенска марка со мотив од браната.[1] ПоврзаноНаводи
|