Коничка Река
Коничка Река[1] (грчки: Σαραντάπορος, Сарандапорос) — река во денешна југозападна Грција и јужна Албанија. Претставува десна притока на реката Војуша, која се влева во Јадранско Море. Долга е 50 км, од кои последните 10 км ја образуваат границата меѓу Грција и Албанија. Извира помеѓу планините Грамошта и Горуша, во Костурскиот округ, Егејска Македонија. Тече низ подрачјето околу Борботско и околината во Нестрамско, Егејска Македонија, па продолжува низ Мајсторско и Коница во Епир. Преминувајќи ја државната граница, минува низ општините Центар Лесковик во областа Горица (Корча) и Кршово во областа Ѓирокастро, Албанија. На крајот се влева во Војуша на самата граница. Сливот зафаќа површина од 870 км2, а реката има просечен годишен истек од 6,93 м3/с.[2] Поврзано
Наводи |