Крстов Дол
Крстов Дол — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка. Географија и местоположбаСелото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот северен дел на територијата на Општина Крива Паланка, чиј атар се допира со државната граница со Србија.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 870 до 1.180 метри.[2] Ова мало село се наоѓа во падините помеѓу долините на Крстовдолски Дол и Лучка Река. Само неколку куќи се наоѓаат во долината на Лучка Река.[3] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Раданица, Црешња, Клисарова Њива, Каменита Чука, Делијска Падина, Станков Рид, Станков Дол, Оршина, Кошариште, Рудник, Гола Чука, Петровица и Араб-табија.[3] Селото е од разбиен тип. Постојат четири маала: Масларско (10 к.), Вргинско (6 к.), Голочукинско (2 к.) и Речко (3 к.). Маалата се поделени по роднински родови.[3] Селото Крстов Дол се наоѓа на север од градот Крива Паланка. На исток се граничи со селото Голема Црцорија, на југ со селото Добровница, на југозапад со селото Подржи Коњ, на запад со селото Луке и на север со општина Босилеград, Србија. ИсторијаСе верува дека во атарот на селото имало развиена рударска активност одамна. Во 1966 година на атарот помеѓу Голема Црцорија и Крстов Дол било пронајдено старо рударско окно. Се сретнуваат и остатоци на старо село, во кое некогаш имало и црква. Се наоѓало на месноста Кошариште, но од некоја причина пропаднало.[3] Денешното село било основано од две доселени домаќинства, кои не си го знаат потеклото. Од нив потекнуваат сите денешни родови. Во минатото, селата Мала Црцорија, Голема Црцорија и Крстов Дол се сметале за една населба.[3] Во XIX век, Крстов Дол било село во Кривопаланечка каза на Отоманското Царство. СтопанствоАтарот зафаќа простор од 6,6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 241 хектар, на пасиштата отпаѓаат 226 хектари, а на шумите 161 хектари.[2] Селото, во основа, има полјоделска функција.[2] Од 1960 година, во долината на Крстовдолскиот Дол работел рудникот „Крстов Дол“ за антимон. Некогаш во него и во изградената флотација работеле 120 жители на околните села.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Крстов Дол имало 285 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Крстов Дол имало 312 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5] По Првата светска војна селото било дел од општината Подржи Коњ и имало 209 жители.[6] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7] Крстов Дол е мало село, кое што во 1961 година броело 154 жители, а во 1994 година 69 жители, македонско население.[2] Според пописот од 2002 година, во селото Крстов Дол живееле 60 жители, од кои 59 Македонци и 1 Србин.[8] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 35 Македонци и 2 лица без податоци.[9] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиКрстов Дол е македонско православно село. Сите родови во селото се доселенички и потекнуваат од првите две доселени домаќинства.[3] Родови во Крстов Дол се:
Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:[14]
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка. Во периодот 1952 — 1955, селото било дел од тогашната општина Добровница, во која покрај селото Крстов Дол, се наоѓале и селата Голема Црцорија, Добровница, Луке, Мала Црцорија и Подржи Коњ. Општината Добровница постоела и во периодот 1950-1952 и тогаш во нејзе се наоѓале селата Голема Црцорија, Добровница, Крстов Дол и Мала Црцорија. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 0979 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватен објект.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[16] Културни и природни знаменитости
ИселеништвоИселеници имало од селото по завршувањето на двете светски војни. Главно се иселувале во околината на Куманово, Скопје, во Овче Поле и во Банат (Качарево и Пладниште, 7 к.).[3] Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|