Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.
Физички опис
Градбата на телото на кучињата на прв поглед не се разликува многу од тоа на мачките. Сите кучиња се со помал раст од оној на големите мачки. Телото им е витко, додека главата е мала, а издадената нуска е затапена. Трупот им е задлабен во пределот на слабините, а нозете се високи со мали шепи. На задните нозе кучињата поседуваат по четири целосно развиени прсти како и четири (кај родот Lycaon), односно пет (кај родовите Canis, Cyon, Icticyon, Otocyon) прсти на предните шепи. Силните канџи не се вовлекуваат во шепата, па затоа се тапи. Опашката не е долга, а често е обрасната со гривести влакна.
Имаат 42 заба, при што секогаш по четири предкатници од двете страни на горната и на долната вилица. Според тоа, забната формула е следна:
3.1.4.2
3.1.4.3
Формулата на првите "млечни" заби е: 3 1 3. Кога се млади, членовите на ова семејство немаат катници, додека како возрасни имаат по два на горната и три на долната вилица од секоја страна.[2]
Поседуваат крупни очи, а ушите им се зашилени и поголеми од мачкините. Женките имаат бројни млечни жлезди на градите и стомакот. Поплодни се од мачките и најчесто имаат четири до девет младенчиња, иако се познати и случаи со 18 и 23 младенчиња при едно парење.
Филогенетска поврзаност
Кај кучињата (Canidae), резултатите на алозимските и хромозомските анализи сугерираат повеќе филогенетички поделби:
Разни монотипни видови, вклучително долгоушестата лисица (Otocyon megalotis), сивата лисица (Urocyon cinereoargenteus), и ракунскиот пес (Nyctereutes procyonoides).[3]
ДНК анализите покажуваат дека првите три форми формираат монофилетички клади. Волците и јужноамериканските кучиња заедно го формираат племето Canini.[4] Молекуларните податоци укажуваат на североамериканското потекло на Canidae пред околу десет милиони години и африканско потекло на волците (Canis, Cuon и Lycaon), каде шакалите се најосновни во групата. Сивата лисица и исландската лисицата се основа за другите клади; меѓутоа, оваа типолошка разлика не е силно поддржана.[5]
Долниот кладограм се заснова на Линдблад-Тох филогенијата (2005),[5] преиначена за да ги вклучи последните откритија за видовите кучиња (Canis)[6] и лисици (Vulpes)[7]
Тешко е да се донесе заеднички заклучок за однесувањето на сите видови во ова семејство, бидејќи тие премногу се разликуваат меѓусебе. На пример, сите видови од ова семејство се по дефиниција месојади и затоа сите имаат нагон за лов и убивање, но тој значително се разликува меѓу волците и домашните кучиња.[8]
Разликите во однесувањето кај, на пример, волците и лисиците се изразени уште кај младенчињата во времето меѓу четвртата и петтата недела од староста. Зоологот Ерик Зимен, набљудувајќи ги младенчињата, забележал дека младите лисици парчињата храна најпрво ги земаат и ги закопуваат некаде во околната средина и дури потоа започнуваат да ги јадат; младите волци најпрво јадат колку можат, а дури потоа ги закопуваат остатоците од храната.[9]
Како слично однесување кај сите претставници од семејството на кучињата, Мајкл В. Фокс го опишува воведот во социјална средба меѓу припадниците на ист вид. Средбата започнува со заемно душкање на гениталното и аналното подрачје, но и делумно ушите, нуската и аналните жлезди. Душкањето на подрачјето на опашните жлезди е забележано само кај црвените, арктичките и сивите лисици, поретко кај прериските волци, но никогаш кај домашните кучиња, бидејќи тие многу ретко поседуваат опашни жлезди.[10]
Делумно се забележани и исти начини на однесување и меѓу различни видови; така, Фокс ја опишува успешната покана за игра меѓу чивава и степски волк, со заемно покажување на подреденост меѓу младите којоти и волци, како и мигови од играта на возрасниот волк и возрасни црвени лисици.[11]
Литература
Кучиња: Нивните фосилни предци и историја на еволуција[12]
↑Возенкрафт, В. К. (16 ноември 2005). Вилсон, Д. Е., и Ридер, Д. М. (уред.). Mammal Species of the World (Трето издание. изд.). Johns Hopkins University Press. ISBN 0-801-88221-4.CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
↑Vgl. St. G. Mivart: Monograph of the canidae. London: R. H. Porter and Dulan, 1890. citirano u: Fox 1975.
↑Zhao, Chao; Zhang, Honghai; Liu, Guangshuai; Yang, Xiufeng; Zhang, Jin (2016). „The complete mitochondrial genome of the Tibetan fox (Vulpes ferrilata) and implications for the phylogeny of Canidae“. Comptes Rendus Biologies. 339 (2): 68–77. doi:10.1016/j.crvi.2015.11.005. ISSN1631-0691.
↑За ова видете, на пример, во: Zimen 2003: 47-49 (Оддел Unterschiede zwischen Wolf und Hund - "Разлики меѓу волкот и кучето")
↑Zimen 2003: 40-42 (Abschn. Unterschiede bei Wolf und Fuchs).