Кушкулија — село во Општина Василево , Струмичко . Денес нема жители.[ 2]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на крајниот северен дел од Струмичкото Поле и северно од Василево .[ 3] Лежи помеѓу Нивичино на југоисток и Подареш на запад.
Историја
Подрачјето околу Кушкулија е населено барем уште од средниот век , за што сведочи некрополата на наоѓалиштето Готен околу 5 км североисточно од селото.[ 4]
Во XIX и XX век Кушкулија било чисто турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика “) од 1900 г. Кушкули имало 75 жители Турци .[ 5]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Кушкуља живееле 99 Турци.[ 6]
На 5 јуни 1944 г., за време на Мајската (Пролетна) офанзива во судир со бугарската војска во Кушкулија загинал македонскиот комунист и композитор Панче Пешев .
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Турци .[ 7]
Во периодот од почетокот до средината на XX век селото доживеало голем пораст. Ова траело сè до 1950-тите кога речиси целото население се иселило во Турција. Во 1961 г. во него останале само 4 лица, а во текот на следните години Кушкулија е наполно напуштена. Според пописот од 2002 година, Кушкулија немала ниеден жител.[ 2]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година
1900
1905
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
2002
2021
Население
75
—
226
251
4
0
0
0
0
0
Извор за 1900 г. : Македонија. Етнографија и статистика .[ 8] ; за 1905 г. : La Macédoine et sa Population Chrétienne .[ 9] ; за 1948-2002 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 10] ; за 2021 г. : Државен завод за статистика на РМ .[ 11]
Културни и природни знаменитости
Археолошки наоѓалишта
Готен — некропола од средниот век
Личности
Наводи
↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“ . Државен завод за статистика . Посетено на 22 декември 2022 .
↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF) . Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јануари 2021 .
↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 171. ISBN 9989-862-00-1 .
↑ Грозданов, Цветан ; Коцо, Димче ; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2 . Скопје: МАНУ . стр. 409. ISBN 9989-649-28-6 .
↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика . София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X .
↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“ .
↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“ . Државен завод за статистика .
↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“ . Државен завод за статистика .
Надворешни врски
Грбот на Општина Василево Раселени Историски