Ланијакеја (хавајски: Laniakea - „неизмерни небеса“)[2] — галактичкосуперјато во кое е смстен Млечниот Пат и околу 100.000 други околни галаксии. Определено е во септември 2014 г. кога група астрономи како Р. Брент Тали од Хавајскиот универзитет, Елен Куртоа од Лионскиот универзитет, Јехуда Хофман од Еврејскиот универзитет во Ерусалим и Даниел Помаред од Париз-Сакле објавиле нов начин на определба на суперјатата според релативните брзини на галаксиите.[3][4] Според новата определба, суперјатото Девица дотогаш сметано за месно влегува во Ланијакеја како нејзин крак.[5][6][7][8][9]
Понатамошните изучувања укажуваат на тоа дека суперјатото Ланијакеја не е гравитациски врзано. Ова значи дека со време тоа ќе се растури, и нема да ја задржи својата необична густина во однос на околните подрачја.[10]
Особености
Суперјатото Ланијакеја опфаќа околу 100.000 галаксии кои се протегаат 160 мегапарсеци (520 милиони светлосни години). Има приближна маса од 1017 сончеви маси или 100.000 пати поголема од нашата галаксија, што е речиси иста со масата на суперјатото Часовник.[3] Има четири составни делови, кои порано се сметале за одделни суперјата:
Суперјатата се меѓу најголемите структури во вселената и имаат тешко одредливи граници, особено однатре. Во секое суперјато, највеќето галактички движења се насочени навнатре кон тежиштето. Во случајот на Ланијакеја, ова гравитациско жариште се нарекува Голем Привлекувач и влијае врз движењата на Месната Група на галаксии (во која е Млечниот Пат) си сите други во суперјатото. За разлика од нејзините составни јата, Ланијакеја не е гравитациски врзана и се предвидува дека ќе биде растргната од темна енергија.[7]
Иако постоењето на суперјатото Ланијакеја е потврдено во 2014 г.[3] предлогот за повразност на неколку суперјата е даден уште во 1980-тите. На пример, јужноафриканскиот астроном Тони Ферол во 1988 г. изјавил дека црвените поместувања укажуваат на сврзаност помеѓу суперјатаат Девица и Водна Змија-Кентаур.[12]
Местоположба
Во околина на Ланијакеја се суперјатата Шеплиево, Херкул, Береникина Коса и Персеј Риби. Рабните граници помеѓу Ланијакеја и нив не биле јасно познати кога се определувала Ланијакеја.[6] Оттогаш изучувањето на овие граници е мошне напреднато.[13][14]
Самата Ланијакеја е составен дел на суперјатниот комплекс Риби-Кит, кој претставува галактичка нишка.
↑Fairall, Anthony Patrick (1988). „A redshift map of the Triangulum Australe-Ara region – Further indication that Centaurus and Pavo are one and the same supercluster“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 230 (1): 69–77. Bibcode:1988MNRAS.230...69F. doi:10.1093/mnras/230.1.69.
„Суперјатото Ланијакеја“, Даниел Помаред, 4 септември 2014 г. — видео на Vimeo за наодите од трудот со кој е откриено јатото (англиски)
„Ланијакеја: Нашето суперјато“, Nature Video, 3 септември 2014 г. Прецртување на границите на вселенската карта со кое е определено нашето суперјато и наречено Ланијакеја — YouTube (англиски)