Лубушко Војводство
Лубушко Војводство (полски: województwo lubuskie) — војводство во западна Полска. Создадено е на 1 јануари 1999 г. од дотогашните војводства Гожувско и Желоногурско, согласно управната реформа усвоена претходната година. Наречено е по историската област Лубушка Земја (германски: Land Lebus), иако делови од војводството припаѓаат на историските области Шлеска, Големополска и Лужица. Сè до 1945 г. територијата била во состав на германската управна област Нојмарк во рамките на пруската покраина Бранденбург. Управата е разделена во два града — Гожув Вјелкополски и Желона Гура. Во Гожув е седиштето на војводата (управникот), додека пак во Желона Гура е војводското собрание и извршните органи на чело со маршалот. Војводството е прилично низинско, со бројни езера и шуми. Во јужниот дел, околу Желона Гура е застапено лозарството. Се граничи со следниве војводства: Западнопоморското на север, Големополското на исток, Долношлеското на југ, и Германија (покраините Бранденбург и Саксонија) на запад. ИсторијаОбласта е придодадена кон полската држава со освојувањата на првиот водач на Полјаците, кнезот Мјешко I, а подоцна и со успесите на првиот полски крал Болеслав I Храбриот, кој го освоил лубушкиот дел од Лужица. Дел од таа историска област се протегала по западниот брег на реката Одра, каде е основан градот Лубуш, подоцна од Германците наречен Лебус. Во 1226 г. Лебус потпаднал под непосредна власт на Светото Римско Царство, но околу 1250 г. му припаднало на благородничкото семејство Аскани — владетели на Маркгрофовијата Бранденбург. Воочи и за време на Втората светска војна, ова бил првиот дел од Полска заземен од Германија со нејзиниот „Пробив на исток“ за повраток на германските краишта. Во 1945 г. Црвената армија ја освоила источна Германија и стапила кон прекројување на границите. Источниот дел од областа на Лубуш (Лебус) е припоена кон Полска, како дел од пропагандно наречените „Повратени земји“. Германското населението кое ги преживеало етничките чистки и не пребегало западно од Одра, било веднаш протерано и заменето со Полјаци од средна и поранешна источна Полска. Градови и гратчињаВојводството има 42 градски населени места, тука наведени по број на жители според состојбата во 2006 година[1]:
Управна поделбаГолемополското Војводство е поделено на 14 окрузи, од кои 2 се градски, а 12 се земски. Тие пак се поделени на вкупно 83 општини.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
52°11′43″N 15°20′51″E / 52.19528°N 15.34750°E
|