Лукан
Марко Анеј Лукан (латински: Marcus Annaeus Lucanus; 3 ноември 39 – 30 април 65) — римски поет од Кордуба (денешна Кордоба) во Шпанија. Се вбројува меѓу од извонредните дејци на царскиот латински период, особено познат по неговиот еп „Фарсалија“. ЖивотЗа животот на Лукан накратко раскажуваат тројца автори — Светониј, Вака и еден анонимен. Бил син на Марко Анеј Мела и внук на Сенека Постариот. Бил воспитан од чичко му Сенека Помладиот. Како дете од богато семејство, изучувал реторика во Атина,[1] а филозофската наобразба ја добил кај чичко му, во духот на стоицизмот. Бил оженет за Пола Аргентарија, која му помогнала во пишувањето на „Фарсалија“.[2] Почнал да се истакнува за време на царот Нерон. Станал негов близок пријател и добил квесторство пред да ја достигне потребната возраст. Во 60 г. освоил награда за импровизирање на „Орфеј“ и „Похвала за Нерон“ на фестивалот Неронија. Подоцна поради заслуги станал авгур. Во ова време ги издал првите три книги од неговиот еп „Фарсалија“ (во ракописите наречен „За граѓанската војна“), во кој се раскажува за граѓанската војна помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј. Подоцна се јавило непријателство помеѓу Нерон и Лукан. Двете познати раскажувања на настаните даваат тривијализирана слика. Според Такит, Нерон бил љубоморен на Лукановиот успех и му забранил да издава песни.[3] Светони вели дека Нерон прекинал , Nero рецитал на Лукан со тоа што го напуштил и свикал седница на сенатот, а Лукан му возвратил пишувајќи навредливи песни.[4] Други дела изложуваат поозбилна причина за разидувањето. Од Вака и Стациј заклучуваме дека Лукан пишувал навредливи песни за Нерон. Вака го споменува делото „За палењето на градот“ (De Incendio Urbis).[5] во кое Лукан вели „неописливите огнови на злосторничкиот тиранин ги пустошеа Ремовите висови“.[6] Покрај ова, подоцнежните книги на „Фарсалија“ се против царството и за републиката. Оваа критика веројатно била вистинската причина за забраната за издавање. Во 65 г. Лукан зел учество во заговорот на Гај Калпурниј Пизон против Нерон. Заговорот бил разобличен, и на Лукан му било допуштено да изврши самоубиство со сечење на вена. Надевајќи се на помилување, Лукан издал други заговорници, вклучувајќи ја сопствената мајка. Според Такит, Лукан искрварил до смрт, рецитирајќи поема за ранетиот војник[7] Според друго толкување на настаните, Лукан не умрел од самоубиство, туку бил убиен по наредба на Нерон.[8] Татко му бил на списокот на осудени во проскрипцијата, но мајка му успеала да избега. Стациевата поема за Лукан е упатена кон неговата жена, Пола Аргентарија, по повод неговиот роденден за време на царот Домицијан (Silvae, ii.7, Genethliacon Lucani). ДелаСпоред Вака и Стациј, Лукан ги напишал следниве дела: Опстанати дела:
Припишани на Лукан, но и на други:
Изгубени дела:
Белешки
Наводи
Надворешни врски
|