Мавровица
Мавровица (понекогаш нарекувано Орел) — вештачко езеро подигната на истоимената река во близина на селото Немањици, Македонија. Акумулацијата е создадена преку земјенонасипна брана со височина од 25 метри.[1] МестоположбаСе наоѓа северно од градот Свети Николе, а јужно од селото Орел, но сепак влегува во атарските граници на селото Немањици. ИсторијаМестото има богата човечка историја при што како доказ се археолошките наоѓалишта. Пред создавањето на езерото, во стариот слив на реката Мавровица биле сместени наоѓалиштата: Алин Дол која била населба од младото камено време и античкоримското време. Дел од наоѓалиштето е на суво, додека дел е под вода;[2] Мишевска Воденица која била вила рустика од античкоримското време. Тоа наоѓалиште е целосно под вода.[3] ОсобеностиЕзерото има волумен од 2,8 милиони метри кубни. Се користи за наводнување и водостопанство.[1] Езерото е познато риболовно одредиште, а ги има видовите на риба како: сом, крап, амур, лињак, костреж, клен, и црвеноперка, а најинтересно е дека во езерото има и слатководни медузи.[4] На езерскиот брег се одржува и меѓународен риболовен натпревар во лов на крап со јадица на дно, „по шема“ фати и пушти.[5] Галерија
Наводи
Надворешни врски
|