Македонски ораМакедонските народни ора се традиционални танци кои се неопходно важни во македонскиот фолклор и музичка традиција. Тесно се поврзани со народните ора од соседните држави, имено, Грција, Бугарија, Србија и Албанија, но поради музичкиот мелос, добиваат ендемски одлики конкретно на регионот Македонија. На територијата на Република Македонија, пак, зависно од стилот, кореографијата и обичаите поврзани со нив, македонските ора се делат во пет регионални групи: Северни ора, Источни ора, Западни ора, Јужни ора и Југозападни ора.[1] Особености
Според содржината и кореографијата, македонските народни игри, песни и музика можат да бидат обредни и световни (соборски или празнични). Од обредните игри ќе ги наброиме: додолските, лазарските, коледарските, русалиските и други. Во световните игри спаѓаат тие што се поврзани со животот и работата на нашиот народ како што се: борбените, свадбарските, жетварските, љубовните, хумористичните и други. Според формата, ората се делат на: ора што се играат во полукруг, во затворен круг, во змијовидна форма или во парови.[2] Македонските ора се многубројни и разновидни. Во разни краеви тие имаат различни имиња, во зависност од местото и начинот на играњето. Нивните имиња се изведени од имиња на места, лични имиња, занаети, животни, инструменти, видот на орото, начинот на држење и обичаите. Ората обично се играат за време на верски празници (Божиќ, Водици, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Петровден), државни празници, венчавки, „на сретсело“, пред црквите, училиштата и куќите. Ората имаат и одлики што се манифестираат и во разнообразноста и богатството на движењата и ставовите (држењето) во играњето. Тие можат да се или отворени, или затворени, а играчите се држат за рацете, за рамењата, за појасите, под рака, или со рацете свртени надолу. Сите играчи играат на ист начин, освен челниот играч и последниот играч, кои смеат да изведуваат додатни чекори и движења. Ората обично се вијат на десно, но има такви што се вијат на лево. Изреката „... се пренесува од колено на колено“, на пример, е конкретно рефлектирана во некои движења на ората. Македонските ора изобилуваат со кореографски движења како: полусвртување, клекнување, потскокнување, трусање, вкрстен чекор, страничен чекор, играње на колена и многу други. Исто така, многу ора имаат промена во ритамот, обично менувајќи се од бавна во брза песна. Обичаи поврзани со ората
Инструменти и музикаОрата најчесто се придружувани од народните инструменти: гајда, зурла, тапан, кавал, тарабука, ут, дајре. Чалгииските дружини, кои обично имаат виолина, кларинет, ут, лејта, канон и дајре, се карактеристични за градовите. Народната музика е обемен термин, но вреди да се напомене дека најпопуларните ритмички тактови кои ги придружуваат ората се «5/8», «7/8», «5/4» и «7/16» - меѓу многу други. Што се однесува до времетраењето на ората, тоа не е одредено, и често се игра додека играчите или свирачите не се уморат.[6] Забележани се случаи и кога се играло оро без музика и без пеење. Орото што се играло на ваков начин било слично на „Право оро“ или на „Глуво оро“. При играње само се извикувало „Оп, оп, оп“, а играорците често се држеле за рамо.[7] Видови ораДури и со исто име, постојат некои ора што се различни во секој регион или изведувани поинаку поради кореографијата.[8]
Наводи
|