Share to:

 

Неда (митологија)

Неда (грчки: Νέδα) била нимфа во старогрчката митологија.

Митологија

Била Океанида на Најада кај реката Неда, крај планината Ликеј во Аркадија, но исто така и на истоимениот град. Со своите сестри, Тисоја и Хагно, го негувала Зевс после неговото раѓање.[1] Ја споменувал Калимах во својата химна за Зевс, но и Павзаниј, кој забележал дека по традицијата на Месените таа и Итома биле дадилки на Зевс. Исто тако пишувал дека таа е претставена во храм на Атена во Атина.[2] Се смета дека е најстара од сите нимфи.[3]

Биологија

Латинското име на оваа личност (Neda) е назив за родот бубамара.[4]

Наводи

  1. theoi.com: Nymphe Neda
  2. „Старогрчки митови“. Архивирано од изворникот на 2011-07-03. Посетено на 2018-08-19.
  3. Нимфи
  4. Websters Online Dictionary: Neda
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya