Share to:

 

Нервен гас

Крајот на вентилот на последниот Њупорт TC пред да се исцеди од нервниот агенс VX.

Нервниот гасхемиско оружје, кое влијае врз пренесувањето на неврните импулси низ нервниот систем. Органофосфорните нервни агенси табун, сарин, и соман биле измислени во Втората светска војна во Германија, но не биле употребени. Сите овие и поновиот агенс VX се произведувале во огромни количества во САД и Советскиот Сојуз за време на Студената војна, но денес, со Конвенцијата за хемиско оружје од 1993 г. е забрането нивно складирање и користење за време на војна. Само една капка од VX или сарин, доколку биде вдишан или стапи во контакт со кожата, може да се апсорбира во крвта и да предизвика парализа на нервниот систем, што би довело до престанок на функциите на респираторниот систем и смрт. Саринот бил употребен во 1995 г. во смртоносниот напад во едно метро во Токио од страна на припадниците на АУМ Шинрикио.[1]

Наводи

  1. Британика Енциклопедиски Речник. Топер, Скопје, 2005, книга 7, стр. 15
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya