Нилски коњи
Нилски коњи или водни коњи ((науч. Hippopotamidae)) — голокожи полуводни парнокопитни цицачи со трикоморни желудници кои одат на четири прсти. Ова се големи цицачи, со кратки набиени нозе и округло тело. Имаат големи глави, со широка уста, и ноздри поставени на врвот од муцката. Како и свињите, имаат 4 прсти, но за разлика од свињите, овие животни ги користат сите 4 прсти за одење. Желудникот им е поделен на 3 комори, но не спаѓаат во вистинските преживари. Сите преживеани видови се со мазна кожа, немаат лојни и потни жлезди. Епидермот е релативно тенок поради што нилските коњи многу брзо дехидрираат ако се во сува околина[1]. И секачите и песјаците се големи и слични како забите на слоновите. Овие издадени песјаци растат преку целиот живот. Постпосјаците се големи и комплексни, адаптирани за џвакање на растенијата со кои се хранат овие животни. Бројот на секачите варира дури и меѓу единките на ист вид. ЕволуцијаЧленовите на ова семејство се потомци на семејството Anthracotheriidae, семејство на полуводни животни кои живееле за време на доцниот еоцен, и кои личеле на нилски коњи со мали глави. Денешното семејство Hippopotamidae се одвоила за време на миоценот. После појавата на вистинските нилски коњи, членовите на Anthracotheriidae почнале да изумираат како последица на климатските промени и на конкуренцијата со нивните потомци. Последниот ред Merycopotamus, умрел во Африка во раниот плиоцен. Во минатото имало голем број на различни видови од ова семејство, меѓутоа денес има само 2 преживеани видови: Hippopotamus amphibius и Choeropsis liberiensis. Тие се последните потомци на 2 еволуциски гранки – вистинските нилски коњи и пигмејските нилски коњи. Kenyapotamus кој живеел во миоценот, е недоволно познат за да може со сигурност да се вклучи во ова семејство. Родот Hexaprotodon, е ограничен на изумрени видови кои живееле околу северот и североистокот на индискиот океан. ВидовиКласификацијата и таксономијата се според последните истражување на Боасери (Boisserie) во 2005 година[2].
Наводи
Надворешни врски
|