Нов Дојран
Нов Дојран — село во Општина Дојран, на брегот на Дојранското Езеро. Иако по своите карактеристики Нов Дојран наликува на гратче,[2] сепак официјално не е прогласено за град.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во средишниот дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Богданци. Исто така, селото е сместено на западниот брег на Дојранското Езеро, како и на самиот пат Гевгелија-Стар Дојран.[2] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 160 метри.[2] Селото е оддалечено 2,5 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран, 18 километри југоисточно од Валандово, 15 километри источно од Богданци и 25 километри источно од Гевгелија. Низ селото поминува регионалниот пат 1105. ИсторијаПодрачјето на Нов Дојран е населено барем од доцната антика, за што сведочат остатоци од населба на наоѓалиштето Манастир.[4] Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5] СтопанствоАтарот на селото зафаќа простор од 18,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.192 хектари, на обработливите површини отпаѓаат 398 хектари, додека на пасиштата 241 хектар.[2] Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција. Меѓутоа, селото има и рибарска функција, бидејќи во него е седиштето на рибарската задруга. Во него работи фабрички погон, бензинска пумпа и услужни објекти.[2] Во местото се наоѓа и работи и пазар. Во поново време, во селото е особено развиен туризмот. Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[6] Селото е големо, но со незначителни промени во бројот на населението. Така, во 1961 година Нов Дојран броел 1.116 жители, од кои 1.052 биле Македонци, 52 Срби и шест жители Албанци. Во 1994 година, селото имало 1.199 жители, од кои 1.115 биле Македонци, 37 Срби, 20 Роми, 16 Албанци и седум жители Турци.[2] Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 1.100 жители и претставува најголемото населено место во општината. Во него имало 1.023 Македонци, 11 Албанци, 23 Турци, 14 Роми, 27 Срби, 1 Бошњак и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 997 жители, од кои 935 Македонци, 10 Турци, 10 Срби, 3 останати и 39 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Општествени установи
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран. Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија. Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Дојран, во која покрај селото Нов Дојран се наоѓале селата Ѓопчели, Николиќ, Сретеново, Стар Дојран, Фурка, Црничани и Чаушли. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Нов Дојран, во која влегувале селата Ѓопчели, Николиќ, Стар Дојран, Сретеново, Фурка, Чаушли и Црничани. Избирачко местоВо селото постојат избирачките места бр. 0383 и 0384 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште и месната заедница.[13] На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 886 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 901 гласач.[15] Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|