Норово
Норово — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево. Потекло и значење на иметоИмето на селото првпат се сретнува во историските документи како Норово во XVI век (1568-69 г.). Се претпоставува дека доаѓа од личното име Норо (Норко, Никанор). Може да доаѓа и од нор, вид езерска птица.[2] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во понискиот дел на Општина Крушево, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Долнени.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 785 метри. Од градот Крушево е оддалечено 14 километри.[3] Норово е албанско село, сместено под градот Крушево во долината на Норовска Река, лева притока на Црна. Околни села се Алданци, Селце и Локвени. Водата за пиење се добивало од кладенци соѕидани во чешми и од бунари. Над селото имало послаби извори како Бела Вода, Ковчегарница, Костадинов Кладенец и други.[4] Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Котлина, Фуша Епр (Горно Поле), Сала Селцас (Селечка Река), Шип, Глигурче, Лесково, Бозец, Млака, Огради, Ѓерен Дол, Долги Рид, Заго Глава, Јусуф Камен, Маљ, Кула, Бела Вода и Костадин.[4] Селото има збиен тип, поделено на четири маала: Муртај, Бачај, Селимај и Арсланови. Маалата се именувани по родовите.[4] ИсторијаСелото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 45 семејства, 3 неженети и 6 вдовица, сите христијани.[5] Норово, најпрвин, било христијанско словенско село. Околу 1820 година, во селото започнале да се населуваат муслимански Арбанаси по потекло од Северна Албанија, кои дошле преку Дебар и Кичево (претходно застанувајќи во соседното Локвени). Поради овие населувања, сите христијански родови од Норово се иселиле. Се знае името само на иселениот род Дошлаковци, кои се населиле во селото Долгаец.[4] По кажување на мештаните во 1952 година, во горниот дел на селото порано се наоѓала стара црква и христијански гробишта околу нејзе. Остатоци од црквата и гробиштата може да се видат на површината на земјата.[4] На месноста Глигурче (или Лигурче), на патот за Алданци, некогаш се наоѓал манастирот „Св. Глигуриј“. Не се знае кога е манастирот срушен, а денес нема видни остатоци на старини.[4] СтопанствоАтарот зафаќа простор од 17,5 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 814 хектари, на пасиштата отпаѓаат 594 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 296 хектари.[3] Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција. Во селото работат услужни објекти.[3] Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, селото Норово имало 290 жители, сите Албанци.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Нарово се води како чисто турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 43 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.[8] Селото е средно по големина, коешто во 1961 година броело 432 жители, од кои 412 биле Турци, 7 Македонци, а 6 жители Албанци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 542 жители, од кои 432 биле Албанци, а 9 жители Турци.[3] Според пописот од 2002 година, во селото Норово живееле 599 жители, од кои 1 Македонец, 589 Албанци и 9 останати.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 770 жители, од кои 725 Албанци и 45 лица без податоци.[10] Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Норово:
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години РодовиНорово е албанско село.[4] Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се: Муратај (18 к.), Оџовци (10 к.), Бачај (13 к.), Тафај (4 к.), Селимај (24 к.), Душкај (9 к.) и Далиовци (5 к.), сите наведени родови се доселени во исто време од некое место во Северна Албанија, они се Геги. Во родот Муратај се знае следното родословие: Мифтар (жив на 70 г. во 1950-тите) Бајрам-Мустафа-Мурат, основачот на родот кој се доселил. Родовите Бачај и Тафај порано биле еден род, го знаат следното родословие: Шабан (жив на 40 г. во 1950-тите) Рамада-Ибраим-Јусуф-Сулеман Хоџа; Кепај (3 к.), доселени се после 1912 година од селото Дреново, Порече; Давовци (2 к.), доселени се од селото Јакреново, таму имаат истоимени роднини и Сефулај (1 к.), доселени се од Прилеп. Таму се викале Себишај. ИселеништвоПокрај иселувањето на постарите македонски родови, од селото се иселувале и албански родови. Од родот Оџовци во 1937 година се иселиле шест семејства: две во Битола и четири во околината на Елбасан. Од родот Тафај едно семејство и од родот Далиовци осум семејства се иселиле во Турција.[4] Општествени установи
Самоуправа и политикаВо XIX век, Норово било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево. Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Норово, во која покрај селото Норово, се наоѓале и селата Алданци, Белушино, Житоше и Селце. Општината Норово постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Алданци, Белушино, Норово, Житоше и Норово. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1198 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 571 гласач.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 589 гласачи.[13] Културни и природни знаменитости
Галерија
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|