Обелиск на Теодосиј
Теодосиевиот обелиск (турски: Dikilitaş) е староегипетски обелиск на фараонот Тутмос III кој се наоѓа на Хиподромот во Цариград (денеска познат како Meydani или Плоштад Султан Ахмед), во Истанбул, Турција. Тој бил изграден од страна на римскиот цар Теодосиј I во текот на 4 век. Првиот обелиск изграден во времето на фараонот Тутмос III (1479-1425 п.н.е.) во големиот храм на Карнак. Римскиот ипераотр Констанциј II (337-361) го донел во Александрија за да одбележи 20 години од неговиот престол во 357 година. Сличен таков обелиск бил изграден на Циркус Максимус во Рим истата година, а денеска тој обелиск е познат како Латерански обелиск. Обелискот во Александрија останал до 390 година, кога по заповед на Теодосиј II бил пренесен во Цариград, каде бил ставен на Хиподромот, каде што се наоѓа и денес.[1] Првично, градбата била висока околу 30 метри, но долниот нејзин дел бил оштетен најверојатно при транспортот во Цариград . Денеска, споменикот е висок 18.54 метри. На 12 јануари 2016 година во непосредна близина на обелискот се случил терористички напад од страна на бомбаш самоубиец, во кој напад животот го загубиле 10 туристи. Наводи
Литература
Надворешни врски41°00′21.24″N 28°58′31.43″E / 41.0059000°N 28.9753972°E
|