Одбор на светското наследствоОдбор на светското наследство — орган кој утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членка[1], кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.[2] Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот.[2] На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.[2] Морска програма на светското наследствоЗапочната во 2005, морска програма на светското наследство [3] промовира конзервација на морските области. Оваа програма се фокусира на зајакнување на кредибилноста на списокот на светското наследство, конзервација и градење капацитет за морските заштитени места и комуникација и изразување околу конвенцијата на светското наследство како инструмент за заштита на морските области. Моментално има 43 локации низ целиот свет на списоко[4], вклучувајќи ги и Големиот Корален Гребен и островите Галапагос. ЗаседаниеОдборот на светското наследство се сретнува неколкупати годишно за да разговараат за управување на постоечкото светско наследство и да ги прифатат номинациите од државите. Заседанието, познато како заседание на одборот на светското наследство се одржува секоја година, каде што се запошуваат нови места на списокот на светско наследство, по направените презентации од IUCN и/или ICOMOS и размислувања помеѓу државите. Тие се сретнуваат еднаш годишно. Годишното заседание се одржува во градови низ целиот свет. Со исклучок на оние што се одржуваат во Париз, каде што е седиштето на УНЕСКО, само членовите на државите кои се членки на одборот на светското наследство имаат право да го одржуваат идното заседание, со одобрение од Одборот, како и обезбедување на условот дека мандатот на заинтересираната држава не истекува пред одржувањето на заседанието.
Наводи
Надворешни врски
|