Олантајтамбо (шпански: Ollantaytambo, кечуански: Ullantaytampu) е мал град и археолошко наоѓалиште во јужно Перу. Гратчето се наоѓа на околу 60 километри северозападно од Куско на надморска височина од околу 2.792 метри. Олантајтамбо бил кралска резиденција во Тавантинсују, поточно на Сапа ИнкаПачакути. Пачакути кога го освоил регионот го изградил градот заедно со церемонијалниот центар. За време на шпанската инвазија, градот бил упориште на Манко Инка Јупанки кој дал отпор на Шпанците. Денес Олантајтамбо е важна туристичка атракција.
Опис
Градот Олантајтамбо се наоѓа на рекара Параканча во близина на реката Урубамба. Главната населба се наоѓа на левата страна на реката, со помало населено место на десната страна кое е наречено Аракама. Во Аракама се наоѓа церемонијалниот центар на Инките и околу него има уште неколку стари објекти.
Галерија
Аракама и центарот Мањараки.
Типична Инка врата која се користи и денес во градот.
Ѕид во наоѓалиштето.
„Бањата на принцезите“, фонтана во близина на рушевините.
(шпански) Glave, Luis Miguel and María Isabel Remy. Estructura agraria y vida rural en una región andina: Ollantaytambo entre los siglos XVI y XIX. Cusco: Centro de Estudios Rurales Andinos "Bartolomé de las Casas", 1983.